25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung разви супербрз WiFi

Samsung разви супербрз WiFi

wifi sams 232

Јужнокорејската компанија „Samsung“ разви „Wi-Fi“ технологија од 60 GHz за која тврди дека е побрза за дури пет пати од постоечката и дека на корисниците ќе им овозможи, на пример, да симнат цел филм за само три секунди.

Од „Samsung“ тврдат дека корисниците сега ќе можат да разменуваат податоци со голема брзина, 575 мегабајти во секунда, што е доволно еден филм од 1 GB да го пренесе на уред за помалку од три секунди. Исто така, некомпресираните видеа со висока резолуција може да се пренесат на телевизија во реално време.

„За разлика од постоечките 2.4 GHz и 5 GHz „Wi-Fi“ технологии, „Samsung 802.11“ и 60 GHz „Wi-Fi“ технологијата содржи максимална брзина за елиминирање на меѓуканалните пречки, што се однесува на бројот на уреди кои ја користат истата мрежа“, велат од „Samsung“.

Компанијата се надева дека ќе ја комерцијализира оваа технологија на почетокот на следната година за аудио-визуелните системи, медицинските уреди и мобилните телефони.

Претходните обиди да се користи оваа технологија не вродија со плод, а причината за тоа е што беа користени милиметарски бранови кои патуваат во линија на видот.

Овие бранови имаат слаба пенетрација на својствата, што значи дека го губат сигналот и перформансите на податоци кога ќе наидат на препреки, како на пример ѕидови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП