25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo го претстави првиот таблет со вграден проектор (видео)

Lenovo го претстави првиот таблет со вграден проектор (видео)

yoga pro 2 tab

„Lenovo“ ги зајакнува своите амбиции во сегментот на таблети. Компанијата го лансираше на пазарот новиот „Yoga Tablet 2 Pro“, кој е насочен кон обожавателите на киното.

Уредот се одликува со вграден проектор, кој овозможува прикажување на слика со дијагонала до 50 инчи. Батеријата на таблетот може да издржи до 4 часа при проекција на видео.

Уредот има вграден аудио систем со моќност од осум вати и вграден сабвуфер. „Yoga Tablet 2 Pro“ има 13-инчен дисплеј со резолуција од 2560х1440. Оперативниот систем на уредот е „Android 4.4“. Вградениот процесор е „Intel Atom“ од последната генерација. На задната страна на таблетот има и 8 МР камера.

Дебелината на куќиштето е 3.7 милиметри на најтенкиот дел. Долната половина е подебела поради проектор. Таблетот го искористи тоа и како држач со различни режими на работа. Вградената батерија обезбедува до 15 часа работа при нормално оптоварување, а тежината на уредот е 950 грама.

„Yoga Tablet 2 Pro“ е развиен од актерот Ештон Качер. Тој е и производ инженер во „Lenovo“. Според него и компанијата, е трендот на таблетите да станува поголем, затоа што корисниците веќе се навикнале на овие уреди и почнуваат да ги користат се повеќе. Една од нивните главни активности со таблетите е користењето на мултимедија, за која се бара токму поголем екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП