Новата злонамерна програма „Tyupkin“ е специјализирана за напади на банкоматите и Ви овозможува подигнување на пари без употреба на кредитни картички.
Напаѓачот мора да има физички пристап до банкоматот за да го стартува инсталационото „CD“, но тоа единствено е возможно на банкоматите кои ја користат 32-битната верзија на оперативниот систем „Windows“.
Експертите наведуваат дека опасноста напреднала во последните неколку месеци и се проширила на банкоматите во Азија, Европа и Латинска Америка.
„Kaspersky“ и Интерпол објавија дека криминалците украле милиони долари ширум светот користејќи ја оваа софтверска програма, меѓутоа нивниот идентитет и натаму останува непознат.
Повеќе за овој безбедносен проблем можете да прочитате во извештајот на списанието The Hacker News.