Компанијата „Apple“ својот систем за мобилно плаќање ќе го пушти во живот овој месец, а медиумите шпекулираат дека тоа ќе се случи на 18-ти октомври.
Информацијата за „Apple Pay“ ја објави поратлот „macrumors.com“, а услугата ќе може да ја користат сопствениците на „iPhone 6“ или „iPhone 6 Plus“ во следниве ланци: „Walgreens“, „McDonalds“, „Patc“, „Subway“, продавниците „Macy’s“ и нормално во „Apple Store“.
„Вашиот паричник повеќе не ви е потребен, како и барањето на соодветните кредитни картички. „Apple Pay“ ќе го промени начинот на плаќање со својата технологија и со безбедносниот систем, кои се вградени во вашите уреди. За користење на „Apple Pay“ можете да ги користите „iPhone 6“ или „Apple Watch“. Услугата е едноставна и безбедна за користење“, беше соопштено од „Apple“.
Оваа услуга беше претставена заедно со новите смартфони на компанијата од Купертино, а се претпоставува дека ќе биде еден вид на револуција во мобилното плаќање, па корисниците повеќе ќе немаат потреба да ги користат своите паричници.