24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari F60 America - ексклузивен модел за 2.5 милиони долари (фото+видео)

Ferrari F60 America – ексклузивен модел за 2.5 милиони долари (фото+видео)

f60 america

Само за американскиот пазар и за само 10 одбрани клиенти – ви го претставуваме специјалниот „Ferrari F60 America“, кој е базиран на моделот „F12 Вerlinetta“.

Покрај на стадардните сериски модели, производителите на супер-спортски автомобили, како што е „Ferrari“, имаат убава заработка и на специјалните верзии кои се произведуваат по нарачка на купувачите, или во многу мал ограничен број на примероци.

Најновиот меѓу таквите автомобили е „F60 America“. Овој, по многу работи е единствен „Ferrari“, настанат по повод одбележувањето на јубилејот – 60 години работење на компанијата на северноамериканскиот континент.

f60 america1

Во однос на основниот модел, „Ferrari F12 Вerlinetta“, „F60 America“ има отворен покрив, специјални кожни заштини „рол-бар“ елемнти зад седиштата, редизајниран преден и заден дел, вклучувајќи ги и различните фарови, како и новите крила и врати на автомобилот.

Купувачите покрај ова возило ќе добијат и мек покрив кој се собира, кој рачно се поставува и остранува.

„Ferrari F60 America“ е обоен во сина боја со бела тркачка лента, која симболизира „North American Racing Team“ (NART).

f60 america2

„NART“ кон крајот на педесетите години го основаше „Ferrari“ со цел да ги промовира своите автомобили во САД.

Интересен е и дизајнот на внатрешноста, со асиметрично обоена кабина, половината на возачот е црвена, а на сувозачот црна.

„Ferrari F60 America“ го задржа постоечкиот 6.3-литарски „V12“ мотор со 740 ks и 690 Nm од моделот „F12 Вerlinetta“.

Моќта се пренесува на задните тркала со помош на седум брзинскиот менувач со двојно квачило, благодарејќи со кој „F60“ забрзува до „стотка“ за  3.1 секунди.

Новиот автомобил на „Ferrari“ ќе се најде во гаражите на 10 најсреќни сопственици во САД, а секој од нив ќе мора да одвои по 2.5 милиони долари за својот примерок, шест пати повеќе во однос на редовната цена на моделот „F12 Вerlinetta“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП