Откако амбициозната идеа ја претворија во реалност, луѓето кои стојат зад паметниот телефон наменет за безбедно користење и „отпорен“ на шпиунирање, подготвени се за нова авантура.
За време на интервјуто за „BBC“, Џон Калас, ко-основачот на компанијата „Silent Circle“, која го направи „Blackphone“ телефонот, изјави дека компанијата во блиска иднина ќе претстави и таблет.
„Како што стојат работите, „Blackphone“ е нашиот прв уред, но не и последен“, изјави Калас.
Иако не откри специфични детали во врска со таблетот, Калас најави дека забрзано работат на неговиот развој и дека ќе пристигне наскоро.
„Blackphone“ паметниот телефон имаше прилично скромни спецификации со оглед на цената од 629 долари, но комапнијата не сметаше дека луѓето ќе го купуваат поради перформансите, туку поради безбедноста.
Безбедноста ја гарантираше оперативниот систем кој во основа е променета верзија на „Android“ кој се нарекува „PrivatOS“.
Телефонот поседува бројни безбедносни функции, како што се кодирани пораки, видео и гласовни повици, безбедно сурфање на интернет…