Судејќи според новата студија на компанијата за дигитален маркетинг, „Stone Temple“, гласовниот асистент „Google Now“ е подобар од тоа што го нудат конкурентите „Siri“ и „Cortana“.
„Stone Temple“ состави 3.086 различни парашања кои потоа ги споредуваше на сите три платформи за гласовно пребарување.
Наместо прашањата да бидат случајни, секое од нив е специфично дизајнирано за да „изнуди“ комплетен одговор.
Во сите 3.086 прашања „Google Now“ врати со скоро двојно повеќе подобрени резултати од личниот асистент на „Apple“ и скоро три пати повеќе од „Cortanа“.
Сепак, треба да се напомене дека „Cortana“ и натаму е во бета верзија, и малку доцни зад конкуренцијата. Некои од резултатите кои „Cortana“ неможеше да ги презентира, се појавуваше „Bing“ претрага, покажувајќи дека „Bing“ значително напредувал и дека „Cortana“ треба да добие нова надоградба.
Сепак се чини дека „Google“ е јасен победник кога станува збор за точноста и одговорените прашања.
Се уште не е познато каков ќе биде одговорот на „Apple“ и „Microsoft“ на овие резултати.