29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram е најпопуларната друштвена мрежа меѓу младите

Instagram е најпопуларната друштвена мрежа меѓу младите

insta 35

„Instagram“ продолжува да е најпопуларната социјална мрежа меѓу младите, додека оваа есен „Facebook“ и „Twitter“ ги губат корисниците меѓу тинејџерите, пишува „TheStreet“.

76% од 7.200 анкетирани млади велат дека користат „Instagram“, покажа истражувањето на инвестиционата банка „Piper Jaffray“ – „Fall 2014 Teen Survey“. Во пролетта 69% од испитаниците одговориле дека користат „Instagram“, кој е во сопственост на „Facebook“.

Од своја страна „Facebook“ и „Twitter“ значително ја губат популарност меѓу младите оваа есен. Само 45% од нив велат дека користат „Facebook“, наспроти 72% неколку месеци порано. „Twitter“ пак е употребуван од 59% од испитаниците.

Истражувањето ја поддржува тезата дека младите ја напуштаат главната и повеќе рентабилна платформа на „Facebook“. Социјалната мрежа, која неодамна заврши со купувањето на мобилниот сервис за пораки „WhatsApp“, сепак изгледа се држи цврсто во орбитата за идните генерации, благодарение на агресивната стратегија за проширување преку аквизиции.

„Facebook“ го купи „Instagram“ во 2012-та година за 1 милијарда долари, додека „Instagram“ беше се уште релативно мала. Денес социјалната мрежа има 200 милиони активни корисници и е во состојба да донесе меѓу 200 и 400 милиони долари приходи во првата целосна година, продавајќи реклами, пресметува „Piper Jaffray“. Освен тоа 38% од анкетираните млади го посочуваат „Instagram“ како префериран начин на комуникација со трговците на мало.

„Трендот младите да го напуштаат „Facebook“ не е нешто ново и ние очекуваме тој да се задржи, но силните перформанси на „Instagram“ и евентуалното такво нешто на „WhatsApp“, укажуваат на силниот талент на Facebook кон идниот сензационализам“, коментира главниот аналитичар во „Piper Jaffray“, Рене Минстер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП