14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФетел ќе биде најплатениот спортист во светот!

Фетел ќе биде најплатениот спортист во светот!

fetel pari

Себастијан Фетел е контроверзен пилот, иако веќе 4 пати е светски шампион. Дали е голем, или просечен шампион, ќе видиме допрва. Но, дефинитивно е пример за тоа како треба да се развива кариерата на еден пилот.

Започнува со картинг, потоа преминува во германската Формула „BMW“, оттаму во Формула Евро 3 и Формула „Renault 3“, за да стигне до трет пилот на „BMW Sauber“ за „GP“ на Турција во 2006-та година. Три години подоцна Фетел веќе е пилот на „Red Bull Racing“, откако пред тоа ја заработи својата прва победа со „Toro Rosso“.

Оттогаш наваму секој знае за неговите 4 последователни светски титули. Затоа, како гром од ведро небо дојде вестта дека Себастијан Фетел го напушта тимот, кој го презеде од „бебе“ (Фетел ги поседува сите достигнувања поврзани со „најдобар млад пилот“), му даде болид, со кој четири пати по ред беше шампион, а сега, без никакви индикации за тоа, одлучи да премине во „Scuderia“.

Но можеби вестта од „Daily Mail“ ја оправдува во полна степен таа одлука. Според британското издание, Фетел ќе зема околу 80 милиони долари годишна плата. Тоа ќе го направи младиот Германец подобро платен спортист од Леброн Џејмс (72,3 милиони долари), Кристијано Роналдо (52 милиони долари) и ѕвездата на „NFL“, Мет Рајан (42 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП