16 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов кориснички интерфејс доби Skype

Нов кориснички интерфејс доби Skype

mac11111

„Microsoft“ ја претстави новата верзија на „Skype“ наменета за клиентите на „Windows“ и „OS X“. Зa оние кои користат „Windows“, тука е новата „preview“ верзија, а „OS X“ корисниците ќе ја добијат верзијата „7.0“.

Двете верзии со себе носат целосно нов „Skype“ кориснички интерфејс, кој искуството од мобилните уреди го пренесува на десктоп уредите.

Тој е многу помодерен и подобро се вклопува во новата приказна на „Microsoft“ во врска со дизајнот на елементите. Новиот интерфејс доаѓа со подобрено корисничко искуство.

Едно од ажурирањата, кое е вклучено, се однесува на „video chat“. Прозорчето со пораки сега се наоѓа на десната страна од екранот, што овоможува полесно испраќање на линкови и друга содржина за време на разговорот.

Доколку сакате да ја тестирате новата верзија на „Skype“, повеќе за ажурирањето и линковите за превземање можете да ги најдете на овој линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП