26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо светот има повеќе мобилни телефони отколку луѓе

Во светот има повеќе мобилни телефони отколку луѓе

mobilni uredi luge

Иако има повеќе мобилни уреди, отколку луѓе на оваа планета, тоа не значи дека секој има телефон. Во реалноста, повеќе од половина луѓе воопшто немаат телефон, а се повеќе има кои се поврзани со паметни уреди.

Бројот на луѓе кои живеат на оваа планет за прв пат е помал од бројот на мобилни уреди, меѓу кои се повеќе се оние кои само комуницираат со други уреди, покажуваат податоците на аналитичарите на Здружението на „GSM“ мобилни оператори (GSMA).

„GSMA“ со својата „online“ алатка на која во живо ги следи мобилните уреди, наведува дека има скоро 7.3 милијарди уреди, а додека според податоците на американските статистичари бројот на луѓе во светот е нешто помал од 7.2 милијарди.

Човековата популација расте со стапка од 1.2 проценти годишно, што е приближно на двајца нови луѓе секоја секунда, додека кај мобилните уреди тоа е пет пати побрзо, пренесува „Independent“.

„Ниту една друга технологија немала на нас толку големо влијание како мобилните уреди. Ова е најбрзо растечки феномен на човековиот развој во историјата. Од нула до 7.2 милијарди стигнавме за само три децении“, вели Кевин Кимберлин од компанијата „Spencer Trask“ која беше една од раните инвеститори во стартапот „Millicom“, кој со „Facebook“ и организацијата „Internet.org“ работи на зголемување на достапноста на мобилната технологија и пристапот до Интернет во земјите во развој.

Токму „Millicom“ вели дека оваа огромна бројка треба да се стави и во вистински контекст. Односно, 7.3 милијарди уреди не значи и дека секој човек на светот има мобилен уред. Во реалноста повеќе од половина од популацијата нема воопшто ни мобилен телефон.

Податоците покажуваат дека значителен број на луѓе во развиениот свет користи повеќе од еден уред, но и дека треба да се земе во предвид и се поголемиот број на уреди кои се поврзуваат со други уреди, како автомобилите, паметните инструменти… Затоа „CNET“ наведува дека во светот моментално дури 250 милиони конекции се меѓу уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП