23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРезервистите донесоа победа за Македонија над Луксембург

Резервистите донесоа победа за Македонија над Луксембург

mkd-luks1

Фудбалската репрезентација на Македонија ја постигна првата победа во квалификациите за ЕУРО 2016. Синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ Македонија го победи Луксембург со 3:2, а головите во вториот дел ги постигнаа играчите од клупата. Победничкиот гол нашата репрезентација го постигна во последните минути од дуелот.

На почетокот избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски поведоа преку Александар Трајковски во 20. минута. Но, гостите за пет минути во финишот на првиот дел направија пресврт. Најпрвин во 39. минута Стефано Бенси изедначи на 1:1, а Давид Турпел во 44. минута донесе водство за Луксембург од 2:1.

Второто полувреме „црвено-жолтите“ го почнаа офанзивно. По 20-минутниот притисок коб голот на Луксембург, со голот од пенал во 66.минута преку резервистот Адис Јаховиќ, Македонија изедначи на 2:2, а во судиското надополнување Бесрат Абдурахими ги постави конечните 3:2.

Абдурахими на полувремето го замени Агим Ибраими, кој поради повреда беше заменет и најверојатно ќе го прескокне дуелот со Украина в недела.

Со оваа победа Македонија има три бодови исто колку и Шпанија и Украина, а Луксембург остана на еден бод. Води Словачка со максимални шест бода. Единствена репрезентација без освоен бод во оваа група е Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП