28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто ни подготвува Apple за 16-ти октомври?

Што ни подготвува Apple за 16-ти октомври?

pokana appe

Се чини дека „Apple“ се уште не заврши со претставувањето на нови производи во 2014-та година со оглед дека компанијата испрати покани за специјална манифестација која ќе биде одржана на 16-ти октомври.

Новиот настан доаѓа само неколку недели откако „Apple“ ги претстави „iPhone 6“ и „Apple Watch“, а поканите на кои стои, „мина премногу време“, ни нуди индиции во врска со тоа што компанијата би можела да ни претстави.

Се очекува дека компанијата од Купертино ќе претстави нов „iPad Air“, a некои гласини укажуваат и на премиера на „Retina iMac“.

На манифестицијата официјално ќе биде претставен и „OS X Yosemite“, а дури можеме да очекуваме да го видиме и новиот „Mac Mini“ или некој друг новитет.

Од друга страна, одредени гласини тврдат дека можеме да видиме и враќање на „Mac“ во боја.

Без оглед на тоа што „Apple“ ќе претстави, едно е сигурно, нема да недостасува возбуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП