13 ноември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota продаде 7 милиони хибриди за 17 години

Toyota продаде 7 милиони хибриди за 17 години

hib toyota

Јапонската компанија, која е најголем производител и продавач на автомобили на светот, убедливо е на првото место кога станува збор за вкупниот број на продадени возила со хибриден погон. Најновите податоци покажуваат дека „Toyota“ на купувачите ширум светот им испорачува милион хибридни автомобили на секои 8-9 месеци.

Од 1997-ма, „Toyota“ започна со својата хибридна пазарна авантура, а продажбата на овој вид на возила бележи значаен раст. Во јануари 2014-та, јапонскиот производител соопшти дека до тогаш во светот има продадено 6 милиони автомобили со хибриден погон.

И додека на „Toyotа“ и требаа 14 години да ги испорача првите 3 милиони хибриди (1997-2011.), за следните 3 милиони и беа доволни помалку од три години.

Компанијата во иднина ќе биде ориентирана кон развој и изработка на еколошко прифатливи возила.

hib toyota1

Покрај хибридните модели, во 2015-та во продажба ќе се појави и првата „Toyota“ со погон на водород – моделот „FCV“ со водородни горливи ќелии.

Иако во 1997-та првиот „Prius“ беше пречекан со скептицизам, „Toyota“ постигна голем продажен успех со подоцнешните модели со хибриден погон, па нема да биде изненадување ако оваа компанија во иднина повтори сличен резултат и со автомобилите кои како гориво користат водород.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП