25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDesire Eyе - перфектен смартфон за селфи фотографии (видео)

Desire Eyе – перфектен смартфон за селфи фотографии (видео)

eye htc

Тајванскиот производител на паметни телефони „HTC“ го претстави вчера својот нов модел „Desire Eyе“.

Главни карактеристики на смартфонот се пристапната цена и двојната 13-мегапикселна камера (напред и назад, погодна за „селфи“). Преку софтверот на смартфонот, тој ќе прави фотографии, кога ќе се постави вертикално и стабилно во позиција за фотографирање, без потреба на притискање на дополнителни копче, како и да снима видео, кога ќе ја слушне командата „action“.

Моделот е продолжение на многу успешната евтина серија „Desire“, па поради тоа во него компанијата полага големи надежи. Иако алуминиумскиот модел од највисока класа на компанијата „HTC One M8“ е определен од многу професионалци како најдобар „Android“ -паметен телефон, тој не ужива доволна продажба за да се компензираат загубите на тајванскиот производител.

Смартфонот ќе е со 5.2-инчен „Full-HD“ дисплеј со 424 точки на инч. Тој ќе биде придвижуван од „quad-core“ процесорот „Snapdragon 801“ на „Qualcomm“ со фреквенција од 2.3GHz. „HTC Desire Eye“ има вградени звучници „BoomSound“ за максимален квалитет на звукот, а исто така уредот е водоотпорен.

Desire Eyе“ ќе располага со 2GB RAM, „Аndroid 4.4“, „Bluetooth 4.0“, „Wi-Fi“, „NFC“ и „LTE“, како и 16GB внатрешна меморија. Се уште не е познато кога компанијата планира да ја стартува продажбата на новиот смартфон на европскиот континент. Се шпекулира дека цената на смарфонот може да е околу 350 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП