24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИRE – новата камера на HTC (видео)

RE – новата камера на HTC (видео)

htc kamera

Не, тоа не е смартфон со необичен изглед, туку „HTC“ камера која се нарекува „RE“. Станува збор за камера која може да послужи и како додаток на камерата на вашиот смартфон или како нејзина замена.

Идеата е за луѓето кои посетуваат концерти, спортски или други настани, а обично ги снимаат, па доста време поминуваат гледајќи го самиот настан низ екранот на телефонот. Камерата „RE“ би требало да го реши тој проблем.

Овој уред на „HTC“ е тежок само 65.5 грама, има сензор со резолуција од 16MP со ултраширокоаголен објектив кој покрива 146 степени, а на неа се наоѓаат само две копчиња.

Не постои копче кое служи да ја вклучите камерата, туку таа се вклчува така што само ќе ја подигнете и на тој начин се активира сензорот. Споменатите две копчиња служат за вклучување на „slow mode“ режимот или да започнете снимање.

Камерата доаѓа со „microSD“ картичка од 8GB, a поддржува до 128GB. Уредот е отпорен на вода и прашина. Батеријата има 820mAh и може да издржи правење на 1.200 фотографии, односно 1 час и 40 минути снимање на видео.

Што се однесува до проврзувањето, тоа е можно по пат на „Bluetooth“ и „WiFi“ мрежите и може да се поврзе со сите „Android“ и „iOS“ уреди (верзијата 4.3 во случајот на „Android“ или понови, и уредите со „iOS 7“), a не и е потребен смартфон за да работи. За оваа платформа постои и соодветна „RE“ апликација.

Тоа што е особено интересно е и најавата од „HTC“ дека со следното надоградување, камерата ќе добие и опцијата за стриминг.

Цената на оваа камера е 199,99 евра, а сите детали можете да ги погледнете на http://www.recamera.com/us/product-detail/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП