Доколку ги земеме во предвид само деловите на новиот фаблет на „Samsung“, „Galaxy Note 4“ е најскапиот телефон на компанијата кој досега го има направено.
„Tech Insights“ го расклопи „Note 4“ за да утврди колку вреди секоја од компонентите која се наоѓа во овој уред.
„Note 4“ поседува голем 5.7-инчен екран, а неговата цена, кога ќе се земат деловите и склопувањето, изнесува 260 долари, што е значително повеќе во однос со „iPhone 6“ или „6 Plus“.
Нормално, во предвид треба да се земе и фактот дека цената не опфаќа маркетинг, пакување, дистрибуција, како ни истражувањата.
Цената на „Note 4“ покажува колку навистина е скапо да се натпреваруваш во премиум сегментот на пазарот на смартфони, особено сега кога големината на екраните расте од ден во ден.
„Samsung“ го претстави новиот „QHD“ (1.440 x 2.560) дисплеј со цена до 66.50 долари, па тој зазема добар дел од буџетот.
По екранот, следниот најскап дел е процесорот кој чини 40.50 долари.
Камерата од 16 мегапикели чини 25.50 долари, додека цената на останатите компоненти изнесува околу 20 долари, вклучувајќи ги тука и „WiFi“ и „Bluetooth“ кои чинат 12.50 долари.