19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува најлесниот iPad

Пристигнува најлесниот iPad

napp

Еден месец по претставувањето на двата нови телефони, „Apple“ ќе ја открие и новата генерација на својот таблет – „iPad Air“, како и новите „iMac“ компјутери.

Премиерата на овие уреди е закажана за 16-ти октомври во седиштето на компанијата „Apple“ и како за сите премиери, официјални податоци за карактеристиките, се уште нема. Сепак, медумите од свои извори дојдоа до одредени информации.

Главната промена ќе се однесува на тоа што е во куќиштето, односно дека новиот „iPad“ ќе има помоќен процесор и графика со подобрениот „A8“ чип. Исто така, ова ќе биде првиот „iPad“ кој има „Touch ID“ сензор, дел кој го видовме на претходните генерации на „iPhone“.

На тој начин корисниците ќе можат со отпечаток на прстот да отклучуваат и стартуваат одредени апликации на таблетот. Копчињата за заклучување и регулација на звукот ќе доживеат мали промени во дизајнот.

Промени ќе се случат и во дебелината и тежината на самиот уред, односно „iPad Air 2“ ќе биде и полесен и потенок во однос на претходната генерација.

Големината на екранот, како и резолуцијата ќе останат на исто ниво и тоа може да биде проблем, затоа што корисниците очекуваат напредок во овој сегмент. Тоа значи дека „iPad Air 2“ ќе остане со дијагонала од 9.7-инчи со резолуција од 1536×2048 пиксели. Се претпоставува дека предната ќе има 1.2, а задната осум мегапиксели.

Капацитетот на батеријата ќе остане ист, а покрај стандардните бои, би требало да се појави и златна верзија на „iPad Air 2“.

Покрај новите таблети, се очекува премиера на и на „iMac“ компјутерот кој би требало да има „Retina“ екран, односно резолуција од дури 6.400×3.600 пиксели. Овие компјутери се уште се во бета фаза на тестирања, а дијагоналата не екранот ќе им изнесува 27-инчи, додека во план се и други големини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП