24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVaio се враќа на пазарот со хибриден уред

Vaio се враќа на пазарот со хибриден уред

vaio hibrid

Откако на почетокот на годината „Vaio“ се одвои (продаден на „JIP“) oд „Sony“, дојде време „старо-новата“ компанија да го претстави и својот прв производ, односно прототип на идниот хибриден лаптоп, кој воедно ќе биде и таблет.

Станува збор за стандарден „2-во-1“ уред кој подолго постои на пазарот, но со овој уред „Vaio“ нема намера да ја придобие пошироката публика, како домашните корисници, туку професионалците кои се занимаваат со фотографија, илустрација и слично. Тоа најдобро се гледа од вградениот хардвер, т.е. по идната придружна опрема.

Имено идниот хибрид има екран во формат 3:2, дијагонала од 12.3-инчи, како и резолуција од 2560 x 1704 пиксели. Бидејќи е наменет за професионалци, со таблетот/лаптоп, „Vaio“ како стандардна опрема ќе го испорачува и дигиталното пенкало познато како „Stylus“.

Затоа што станува збор за прототип, не се познати премногу детали околу вградените компоненти, засега се знае дека ќе го користи процесорот со четири јадра на „Intel“ од серијата „Haswell“, додека за графичкиот дел од работата ќе биде задолжена интегрирана „Iris Pro“ графика, а ќе има и два „USB 3.0“ порта, „HDMI“ и „DisplayPort“ конектори, гигабитен „LAN“ и читач за мемориски картички (SDXC).

Финалниот производ чија цена се очекува да биде околу 1.800 долари, на пазарот ќе пристигне во мај 2015-та година. За жал, љубителите на овој бренд, за почеток „Vaio“ своето работење има намера да го базира само на домашниот (јапонскиот) пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП