26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо брендот DS, PSA планира враќање во САД

Со брендот DS, PSA планира враќање во САД

psa sad

По повеќе од две децении отсуство на американскиот пазар, компанијата „Peugeot-Citroen“ (PSA) ја разгледува можноста за враќање во САД.

За разлика од претходниот пат, „PSA“ во Америка нема да биде присутен со своите традиционални автомобилски марки („Peugeot“ и „Citroen“), туку со луксузниот бренд „DS“, кој ќе се одвои од „Citroen“.

Извршниот директор на „DS“, Ивес Бонефонт, изјави во интервјуто дадено за магазинот „Autonews Europe“ дека оваа премиум марка би требало да пристигне во САД по 2020-та година.

Експанзијата на американскиот пазар е дел од стратегијата која ја предвидува „DS“ да стане посебен глобален бренд, во рамките на компанијата „PSA“. Првите чекори на тој пат се направени со зајакнување на оваа автомобилска марка во Кина.

„Peugeot“ се повлече од американскиот пазар во 1991-ва, по многу лошата продажба на моделот „405“ во оваа земја. „Citroen“ е отсутен многу претходно, со оглед дека организираната продажба престана во 1974-та, иако во почетокот на деведесетите во САД пристигна многу мал број примероци на моделот „ХМ“.

Бонефонт рече дека е во план отворање на продажни салони за „DS“ автомобилите во 200 големи градови ширум светот. На северноамериканскиот пазар би биле изградени 30 продажни објекти, од кои 20 во САД.

Меѓу моделите кои ќе пристигнат во салоните по 2020-та ќе бидат наследниците на актуелните генерации „Citroen“ „DS3“, „DS4“ и „DS5“, како и лимузината „DS 5LS“ и кросоверот „DS 6WR“, кои се достапни во Кина.

Во план е и нов продукциски модел чиј дизајн ќе биде заснован на концептот „DS Divine“, кој беше прикажан во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП