24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai i20 - втора генерација (фото)

Hyundai i20 – втора генерација (фото)

nov i20

Втората генерација на моделот „i20“ имаше светска премиера на саемот во Париз. Во однос на претходникот, новиот „Hyundai i20“ има подобрен дизајн и карактеристики.

Поставен е на новата платформа, па автомобилот порасна во должина на 4.035 mm, a што е уште поважно зголемено е и меѓуосовинското растојание кое сега е поголемо за 45 mm и изнесува 2.570 mm. Па така тие што ќе седат на задните седишта имаат повеќе простор за нозете и можат да уживаат во поудобно возење.

Покрај тоа, сопствениците на новиот „i20“ ќе имаат на располагање и простран багажник од 320 литри. Верзиите со побогати пакети ќе имаат во понудата и „LED“ фарови и стоп светла, задна камера и подвижен панорамски стаклен покрив.

nov i201

„Hyundai“ тврди дека патниците во новиот „i20“ ќе се чувствуваат значително покомфорно, отколку во неговиот претходник.

Благодарејќи на поголемите надворешни димензии, возачот и сувозачот имаат повеќе простор меѓу главата и покривот, како и во ширината на рамениците, додека на задната клупа може удобно да се сместат три лица.

На европскиот пазар на почетокот на продажбата во понудата ќе бидат три бензински и два дизел агрегати, а сите мотори ги задоволуваат „Euro 6“ стандардите.

nov i202

Четирицилиндарскиот 1.25-литарски бензински агрегат ќе биде достапен во две верзии, со 75 ks и 84 ks. Oвој мотор е изработен од алуминиум и стандардно е поврзан со петбрзински мануелен менувач.

Во врвот на понудата се наоѓа бензинец со 1.4-литари со 100 „коња“, а покрај шестстепениот мануелен, како опција е достапен и четирибрзински автоматик.

Основниот дизел има зафатнина од 1.1 литри и 75 ks, додека алтернатива му е 1.4-литарски дизел мотор со 4 цилиндри и 90 ks. Двата агрегати се поврзани со веќе споменатиот шестбрзински мануелен менувач.

nov i203

„Hyundai“ потврди дека линијата на мотори со кои ќе се нуди новиот „i20“, oд 2015-та ќе биде збогатена со новиот 1.0-литарски турбо „GDI“ трицилиндарски бензинец. Новиот „Kappa 1.0 T-GDI“ е првиот мотор од новата генерација на мали бензинци, кој нуди подобри перформанси и економична потрошувачка на гориво.

Моторот е развиен во европскиот технички центар на компанијата „Hyundai“ во Ризелхајм и нуди моќ до 120 KS и 172 Nm вртежен момент.

nov i204

Новиот „i20“ ќе се произведува во фабриката на компанијата во Турција, а во продажба ќе се најде од ноември 2014-та.

Корејскиот производител во Париз ги прикажа и новиот 1.4-литарски турбо-бензински мотор со директно вбризгување (T-GDI), хибридната верзија на моделот „i40“ и „Hyindai i30“ со погон на компримиран природен гас (CNG).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП