20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle развива модуларни дисплеи

Google развива модуларни дисплеи

google-modular-display

Технолошкиот гигант „Google“ развива нов тип на модуларни дисплеи. Тие ќе можат да се поврзат едни со други, слично на коцките „Lego“, соопштува „The Wall Street Journal“.

Развојот е дело на лабораторијата „Google X“, која се занимава со слични авангардни проекти. Експерименталните екрани во моментов може да се произведуваат во различни форми и да се поврзат едни со други без видливи склопови, па така ќе се формира еден голем екран.

Главните потешкотии се во изградбата на соодветните електронски врски помеѓу екраните и развојот на софтвер, кој ќе ги „крие“ склопови, велат изворите на весникот. Самата компанија ја почитува традицијата и одбива да коментира неофицијални информации.

Засега не се познати плановите на интернет гигантот за развојот и производството на истите. Според онлајн изданието „Ars technica“, компанијата привлекла ескперти во областа од „Samsung“ и „Qualcomm“, а во потрага е по уште луѓе кои можат да помогнат во развојот на проектот.

Според изданието, главната предност на сличен производ ќе биде во создавањето на видео бимови за различни настани, за декорирање или неконвенционален распоред во телевизиски студиа, хотели и канцеларии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП