По долгогодишниот објавувач на најнови информации за се уште непознати производи на различни технолошки компании Еван Блас познат како „@evleak“, кој се повлече од тие води поради здравствени проблеми, неговата улога ја превзема корисникот кој се претставува како „@upleaks“.
Според неговите информации кои ги објави на својот „twitter“ профил, „HTC“ би требало наскоро на пазарот да претстави нов смартфон. Новиот модел засега е познат под името „Desire Eye“ и се чини дека ќе биде одговорот на „HTC“ на конкуренцијата на некои „Selfie Edition“ паметни телефони. За таа намера би требало да послужат две камери (предна и задна) од кои секоја ќе има резулуција од 13 MP и „LED“ блиц.
Подолнително „@upleaks“ наведува дека „HTC“ наскоро ќе престави и одредени софтверски подобрувања на некои (засега непознати) модели на смартфони, кои веќе се наоѓаат во продажба, а на кои ќе се подобри снимањето на „селфи“ фотографии.
Што се однесува до моделот „Desire Eye“, според информациите на „@upleaks“, тој би требало да биде опремен со 5.2 инчен „HD“ екран, процесор „Qualcomm Snapdragon 801“ со такт од 2,3 Ghz, со 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија, како и со батерија со капацитет од 2400 mAh. Според објавената фотографија може да се забележи дека „Desire Eye“ ќе може да се купи во различни бои на куќишта.
Како и секогаш, кога станува збор за ваков вид на информации, тие треба да се земат со одредена доза на претпазливост, затоа што пред се станува збор за гласини, а не за официјална потврда на производителот. Меѓутоа, тоа не би било прв пат истите да се покажат како веродостојни.