28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook подготвува свој сервис за online плаќање

Facebook подготвува свој сервис за online плаќање

fb plakanje

Сега речиси е сигурно дека „Facebook“ ќе претстави сопствен сервис за плаќање, а со тоа да влезе во битка со компаниите како што се „Paypal“ и „Venmo“.

„TechCrunch“ објави „screenshot“ од новата платформа за плаќање која тајно е вградена во моменталната верзија на „Facebook Messenger“ за „iOS“. Со овој сервис, корисниците можат да испраќаат пари на други пријателил, слично на постапката кога се прикачува фотографија во порака.

Како што стојат работите, моментално сервисот може да оствари плаќање само со дебитни картички, кои доаѓаат со пониски такси за обработка, отколку кредитните картички, а и полесни се конфигурација.

Кога веќе говориме за надокнадата за користење на сервисот, изгледа дека не постои никаква такса за корисниците кои испраќаат пари едни на други, но ова сепак е тест верзија на овој сервис.

Ова секако не е прв знак дека „Facebook“ е заинтересиран за „online“ плаќање. Претходно во оваа година компанијата го ангажираше претседателот на „PayPal“, Дејвид Маркус, а потоа Цукерберг повеќе не криеше дека компанијата има амбиции да подоготви свој сопствен систем за плаќање.

fb plakanje1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП