2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFreedomPop претстави евтин Android таблет

FreedomPop претстави евтин Android таблет

freedom11

„FreedomPop“ е познат по т.н. „freemium“ моделот на давање на услуги, преку кои корисниците располагаат со почетен бесплатен пакет на услуги кој вклучува бесплатни повици, „SMS“ пораки и бесплатен мобилен интернет.

Компанијата сега го претстави својот прв „Android“ таблет кој се нарекува „FreedomPop Liberty“. Уредот е наменет за американскиот пазар, а компанијата се одлучи за таков потег поради тоа што веруваат дека во САД има премалку таблети и останати преносни уреди чија цена е помала од 100 долари.

„Liberty“ со оглед на цената на таблетот е со нешто пониски спецификации, па така има 7-инчен екран со резолуција од 1024 x 600 пиксели, двојадрен „ARM Cortex-A9“ процесор на такт од 1,2 GHz, 512 MB работна меморија и 4GB внатрешен простор за чување на податоци кој може да се прошири со „microSD“ картичка.

Задната камера на уредот е од 4 мегапиксели, додека на предната страна е поставена „VGA“ камера. Оперативниот систем е нешто постар „Android 4.2 Jelly Bean“, додека батеријата е со моќност од 2400 mAh.

„FreedomPop“ ќе се продава по цена од 89 долари за верзија со „Wi-Fi“ поврзување, додека „LTE“ верзијата на уредот (која нема да се нарекува „Liberty“ туку „Frenzy“) ќе се продава по цена од 99 долари, а на пазарот ќе се појават во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП