19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle развива конкурент на WhatsApp

Google развива конкурент на WhatsApp

go whatsapp

Откако „Facebook“ објави дека ќе го купи „WhatsApp“, се појавија одредени гласини кои сугерирале дека „Google“ во еден момент се обидувал да ја купи оваа компанија.

Оваа идеа подоцна беше демантирана, но како оди понатаму развојот на ситуацијата, не би требало во целост да се отфрли. Впрочем, доколку Google успееше да го купи „WhatsApp“, можеше да се претпостави дека „WhatsApp“ ќе пристигнеше како апликација за „Android“ оперативниот систем.

Во секој случај, „Facebook“ досега доби согласност за превземање на „WhatsApp“ и од САД и од Европската Унија, па таа опција не доаѓа во предвид.

Меѓутоа, најновите информации ни говорат дека „Google“ сака да развие сопствен сервис за размена на пораки. Овој извештај наведува дека станува збор за мобилна апликација за размена на пораки која ќе биде конкурент на „WhatsApp“.

Проектот на „Google“ моментално е во рана фаза на развој, па поради тоа претставувањето на апликацијата се очекува за идната година. Како што наведува „The Economic Times“, „Google“ оваа апликација ќе ја тестира во Индија и на уште некои пазари во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП