9 декември, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа патенти Samsung на Microsoft му плаќа милијарда долари годишно

За патенти Samsung на Microsoft му плаќа милијарда долари годишно

samsung microsoft

Податоците од една тужба меѓу компаниите „Samsung“ и „Microsoft“, открија некои интересни информации,

Овие две компании во 2011-та година склучија договор за лиценцирање во кој се подразбира „Samsung“ да плаќа за користење на патентите кои се наоѓаат во сопственост на компанијата „Microsoft“. Се се одвиваше без проблеми до втората половина од минатата година кога „Samsung“ повеќе несакаше на време да ги плати своите обврски, туку чекаше повеќе од еден месец.

„Microsoft“ врз основа на договорот сега бара „Samsung“ да плати камата која е дефинирана поради доцнењето. Се споменува сума од 6.9 милиони долари, која открива дека „Samsung“ за овие патенти плаќа цела милијарда долари годишно.

Од друга страна, „Samsung“ се заканува дека во целост ќе престане со плаќањето на овие патенти, затоа што „Microsoft“ ја купи компанијата „Nokia“. „Microsoft“ истакнува дека договорот подразбира и сите оние делови кои се во склоп на компанијата, што подразбира и патентите, додека „Samsung“ инсистира на тоа дека автоматското вклучување на „Nokiа“ во договорот во целост го нарушува првичниот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП