20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводството на Apple Watch ќе стартува во јануари

Производството на Apple Watch ќе стартува во јануари

ap watch

Вистинскиот производител на паметниот часовник на „Apple“ е тајванската компанија „Quanta Computer“. Според тамошните извори, масовното производство на овој уред ќе стартува во текот на јануари.

Со оглед дека „Quanta“ ќе биде единствениот производител на „Apple Watch“, компанијата моментално вработува луѓе за да го зголеми бројот во своите погони. До почетокот на масовното производство бројот на вработени кои ќе бидат вклучени во процесот би требало да се искачи на 40.000 луѓе.

Како што тврди изворот, од „Apple“ склучиле договор со „Quantа“ според кој оваа компанија нема да произведува паметни часовници за конкурентските компании.

Останува прашањето кога ќе стартува испораката на уредот, а аналитичарите очекуваат тоа дека ќе се случи во средината на февруари. Затоа што се уште е во фаза на развој, часовникот на „Apple“ не беше во можност да се тестира по претставувањето, како што е вообичаено со производите на компанијата.

Дополнително, овие денови „Apple“ ќе учествува на париската недела на модата, каде „Apple Watch“ ќе биде изложен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП