„Microsoft“ претстави интересен пренослив полнач за мобилни уреди. Станува збор за уредот наречен „Portable Power DC-21“, со потписот на „Microsoft“ (наместо „Nokia“).
Капацитетот на вградената батерија изнесува 6.000 mAh што е повеќе од доволно за полнење на мобилниот. Тоа што е интересен податок е дека батеријата во полначот го држи капацитетот со месеци.
Според тврдењата на производителот, дури шест месеци по полнењето, ќе остане 80% од капацитетот. Достапен е со „USB“ приклучот, па така полначот е компатибилен со скоро сите уреди на пазарот. Полнењето на вградената батерија трае три часа до 80%, oдносно четири часа за 100% капацитет.
Препорачаната продажна цена на полначот за европскиот пазар изнесува 40 евра. Овој уред ќе биде достапен во бела, портокалова и зелена боја, а продажбата ќе започне до крајот на овој месец.