20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy S5, HTC One M8, iPhone 6 – кој е најбрз? (видео)

Galaxy S5, HTC One M8, iPhone 6 – кој е најбрз? (видео)

test smartfoni

Иако тестовите веќе покажаа дека „iPhone 6“ има сурова моќ која е пред конкуренцијата, видеото кое го објави „PhoneBuff“ покажува како таа предност изгледа во реалниот живот.

„PhoneBuff“ на сите три телефони спроведе „тест од вистинскиот свет“, стартувајќи на нив идентични апликации.

Покрај разликата која постои меѓу „iOS“ и „Android“, тестираните уреди користеле апликации кои се приближно еднакви.

На самиот крај, на „iPhone“ би беа потребни 1 минута и 55 секунди за мултитаскинг помеѓу 30 тестирани апликации, додека „M8“ беше 10 секунди побавен. „Galaxy S5“ имаше значително заостанување и му беше потребно цела минута повеќе во споредба со „iPhone“ – 2 минути и 58 секунди.

Во тестот се стартувани различни апликации и игри, а потоа тие повторно се отворани со цел да се утврди колку некој телефон е ефикасен во мултитаскинг.

Тука се покажа 1GB RAM-от на „iPhone“, поради тоа што мораше повторно да вчитува пристоен број на апликации, но перформансите на „Apple SoC“ биле клучни за да триумфираат во тестот, затоа што телефонот едноставно можел бргу да ги вчитува апликациите.

Нормално, тестот на никој начин неможе да се гледа од научна точка, но ни дава приближен увид во однесувањето на телефонот при секојдневното користење, а користењето на други апликации сосема сигурно ќе резултираше со други резултати.

Најголемиот дел од забавувањето на „Samsung“ е резлутат на „TouchWiz“ – верзијата на „Android“ на компанијата, a со мала модификација од страна на корисниците, остварените резултати сигурно би биле подобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП