На Интернет се појавија првите гласини и информации во врска со новиот член на семејството „Xperia“, а станува збор за моделот „Z3X“.
Иако според името може да се претпостави дека „Sony“ го проширува своето моментално „Xperia Z“ семејство, можеме да планираме дека овој модел всушност ќе биде наследник на моделот „Z3“.
Покрај импресивниот хардвер, се чини дека овој уред поседува и нов заоблен сензор на камерата на кој компанијата веќе подолго време работи.
Овој заоблен сензор е направен по моделот на човековото око, со цела да прави реалистични фотографии.
Сензорот најверојатно поседува пречник од 2/3 инчи и широк „F 1.2“ отвор.
За овој смартфон се претпоставува дека ќе поседува 6.2-инчен „quad-HD“ екран, „Snapdragon 810“ процесор со „Adreno 430“ графика, а тука е уште и 4GB RAM.
Со ваков хардвер, „Xperia Z3X“ би можел да ги привлече сите оние корисници кои го посакуваат најновиот хардвер, освен ако големиот екран не им е по желба.