16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајопасните познати личности за пребарување на Интернет

Најопасните познати личности за пребарување на Интернет

kradenje podatoci 330

Доколку имате во план да го внесете името на Џими Кимел во „Google“, би требало тоа да го направите со дополнително внимание.

Компанијата задолжена за безбедност на компјутери, „McAfee“ изјави дека ова е најопасната позната личност која можете да ја побарате на Интернет.

Доколку се одлучите да „гуглате“ за Џими Кимел, постојат шанси од 19 отсто дека ќе завршите на некоја страна која е тестирана позитивно на „spyware“, „virus“ или „malware“.

Меѓу останатите познати личности чии имиња би требало да бидат на листата за дополнително внимание се наоѓаат уште и Брус Спрингстин, Челзи Хендлер и Кристина Агилера. Ова истражување е спроведено и во Велика Британија, а таму Шерил Кул е прогласена за „најопасна“ славна личност. Судејќи според ова истражување, 15 проценти од резултатите од пребарувањето имале линкови со содржина од висок ризик.

Доколку го проширите пребарувањето со термините, како што се „видео“ или „слика“, ризикот значително се зголемува. Веднаш зад Шерил се наоѓа Даниел Редклиф, а на третото место е Џеј Зи.

kradenje podatoci 32000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП