20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави Prime E5878

Huawei го претстави Prime E5878

prime huawei

Компанијата „Huawei“ го претстави „Prime E5878“ мобилниот „WiFi“ уред кој овозможува брзина за превземање на содржини до 150 Mbps, како и поврзување до 10 уреди.

Применувајќи ја Нано технологијата (NMT), која комбинира метал со полимер, „Huawei Prime“ е потенок од останатите „4G“ мобилни „WiFi“ уреди на пазарот со 7,5mm, што е исто колку пет кредитни картички поставени една врз друга.

Исто така, со 109,5 mm должина и 58 mm ширина, „Huawei Prime“ лесно може да се смести во џеб или во чанта што овозможува поврзаност со интернет, додека корисникот е во движење, што го прави идеален за мали компании и работи кои се извршуваат од дома.

Со користењето на „NMT“ при изработката на „Huawei Prime“, тоа значи дека уредот е поцврст и високо отпорен на удари.

„Huawei Prime“ го карактеризира „press and play“ функцијата и минималистичкиот 0,96-инчен „OLED“ екран кој прикажува колку уреди се поврзани, колку текстуални пораки се примени или испратени и најважно, колку е искористен протокот на податоци, па така да не се надмине дозволената количина.

„Micro-USB“ слотот може да се користи за поврзување со компјутер како модем или како уред за складирање на податоци, кои се премногу големи за смартфонот.

Уредот работи со помош на „HiSilicon A9“ чипсетот со две јадра и овозможува значително брзо „LTE Cat4“ поврзување со брзина од 150 Mbps.

Исто така, поседува и две антени, по една на секој крај, а со тоа се осигурува посилна врска без оглед во која положба се наоѓа.

Со „Huawei Prime“ можно е да бидете „online“ и до осум часа во „LTE“ режимот или 380 часа во мирување поддржани со батеријата од 1.900 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП