27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХјундаи Гранд Санта Фе

Хјундаи Гранд Санта Фе

hjundai

Хјундаи на саемот за автомобили во Женева на европската публика ќе и го претстави Гранд Санта Фе. Оваа верзија ќе понуди конфигурација со шест и седум седишта, повеќе простор во кабината и во багажникот.

Гранд моделот на европскиот пазар ќе и се придружи на новата гернерација на Санта Фе. Во однос на помалата верзија, Гранд Санта Фе има уште и промени во дизајнот, предниот браник и светлата за магла, додека позади, четвртина од кросеријата на ова возила во целост е пробразена.

Покрај поголемите димензии, тука се и посебните 18 и 19 инчни алуминиумски бандажи.

hjundai1

Во стандардната опрема спаѓаат и управувачки систем со три ралични режими на возење и мултимедијален уред со 4.3 инчен екран осетлив на допир. Како опција е достапен и голем панорамски покрив.

Хјундаи Гранд Санта Фе на европскиот пазар ќе биде достапен само со еден тип на мотор и тоа 2.2 литарски дизел мотор со 197кс со шестостепен автоматски менувач.

Во Хјундаи очекуваат дека ова возило ќе ги пронајде своите купувачи во Европа, благодарејќи на големата побарувачката на големи СУВ модели на европскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП