6 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ја победи Барселона, Рома освои бод во Манчестер

ПСЖ ја победи Барселона, Рома освои бод во Манчестер

David Luiz

Фудбалерите на Пари Сен Жермен остварија важна победа против Барселона, а Рома одигра нерешено на гостувањето кај Манчестер Сити.

Ова е епилогот на двете дерби средби синоќа во фудбалската Лига на шампиони.

Тимот на Марибор за кој цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Агим Ибраими во Гелзенкирхен стигна до вториот бод играјќи нерешено со Шалке.

Резултати во второ коло во Лигата на шампионите на натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х:
Е група: ЦСКА Москва – Баерн Минхен 0:1 и Манчестер Сити – Рома 1:1.
Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Рома 4, Манчестер Сити 1, ЦСКА Москва 0.

Ф група: ПСЖ – Барселона 3:2 и АПОЕЛ – Ајакс 1:1.
Табела: ПСЖ 4 бодови, Барселона 3, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Г група: Спортинг Лисабон – Челзи 0:1 и Шалке – Марибор 1:1.
Табела: Челзи 4, Шалке 2, Марибор 2, Спортинг 1.

Х група: Шахтјор – Порто 2:2 и БАТЕ Борисов – Атлетик Билбао 2:1.
Табела: Порто 4 бодови, БАТЕ Борисов 3, Шахтјор 2, Атлетик Билбао 1.

Вечер се играат дуелите во другите четири групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП