среда, 5 октомври 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна GoPro Hero 4

Пристигна GoPro Hero 4

kameri go pro

Американскиот производител за камери „GoPro“ претстави три нови модели за кој вели дека се самиот врв во понудата на спортски камери. Станува збор за новите модели „GoPro Hero4 Black“, „GoPro Hero4 Silver“ и „GoPro Hero“.

„GoPro Hero4 Black“ е најнапредната камера на пазарот, а овозможува снимање на „4К“ видео запис со 30 fps. За споредба, претходниот модел (Hero3+) снимаше видео со истата резолуција, но при само 15 fps.

Средината на понудата ја сочинува „GoPro Hero4 Silver edition“, чија основна предност пред останатите модели е екранот кој е чувствителен на допир. Ова е прва „GoPro“ камера која има вграден екран за приказ на видеата за време на снимањето, како и за репродукција.

Долниот крај на понудата ја пополнува основниот модел едноставно наречен „GoPro Hero“. Oваа камера снима „FullHD“ видео при 30 fps, a oд врвот на понудата се разликува со недостатокот на заменливи камери и други напредни можности.

„GoPro Hero4 Black“ и „Silver“ инаку ќе се продаваат и во „Surf“ и „Music“ пакетите, со кои покрај камерата ќе доаѓаат посебни додатоци за прицврстување на уредот на опремата за сурфање, како и на разни музички инструменти.

Сите три нови камери на пазарот ќе се најдат на 5-ти октомври, а основните препорачани цени ќе бидат 480 долари за „Black“, 380 долари за „Silver“, како и 125 долари за основниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП