26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi R10 ќе добие зелено светло за производство? (фото)

Audi R10 ќе добие зелено светло за производство? (фото)

r 10

Раководството на „Audi“ дало зелено светло на проектот за нов суперспортски модел инспириран од возилата на брендот кои учествуваат на трката „Ле Ман“, објави шведското издание „Auto Motor und Sport“.

Спротивно на гласините, возилото нема да се опреми со дизел мотор како тркачкиот модел, туку со нов 6.0-литарски 10-цилиндричен мотор со два турбополначи и 850 КС, агрегатот ќе може да се комбинира со електромотори со кои моќта ќе надмине 1.000 „коња“.

r 10 1

Новото супервозило од Инголштад, кое најверојатно ќе се нарекува „R10“, ќе нишани право на најбрзите модели на „McLaren“, „Ferrari“ и „Porsche“. Потоа новата технологија ќе биде споделена со „Bentley“ и „Lamborghini“.

Десетцилиндарскиот мотор на „R10“ ќе биде опремен со систем за деактивирање на дел од цилиндрите при ниски оптоварувања. За да се задржи нормална работна температура на пасивните цилиндри, ќе бидат исклучувани паровите напред и позади на агрегатот. Па кај возењето назад, моторот ќе работи како „V6“.

r 10 2

Во подоцнежна фаза овој мотор ќе го замени 6.0-литарски „W12“ на „VAG“, кој треба да биде пензиониран кон крајот на деценијата. Така новиот 10-цилиндарски ќе го заземе место под капакот на врвните модели на концернот. Постојат и планови да се користи за помало „Bugatti“, чија иднина засега изгледа прилично нејасна.

Според непотврдени информации „Audi“ планира да изненади со проектот „R10“ уште на салонот во Париз. Веќе е јасно дека на саемот ќе дебитира „Lamborghini Asterion“ со 10-цилиндричен „V-twin“ мотор со моќност од 900 КС, што звучи сомнително, затоа што е слично до карактеристиките на споменуваниот нов мотор на „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП