18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ5 милиони Ауди возила со quattro погон

5 милиони Ауди возила со quattro погон

audi11

Ауди денеска го прослави производството на петмилионскиот автомобил со 4х4quattro погон. Јубилејниот примерок е белиот модел Ауди A6 Allroad со TDI мотор.

Quattro технологијата за првпат беше претставена во 1980-та година на истоимениот модел. Од тогаш до денес, Ауди оваа технологија ја примени на повеќе од 140 верзии од своите возила.

Германскиот производител моментално нуди најширок спектар модели со перманентен погон на сите четири тркала. Покрај тоа, моделите Audi Q7, R8, A4 Allroad, A6 Allroad, како и S и RS верзиите, достапни само со quattro погон.

„ Quattro технологијата е еден од најважните столбови на нашиот бренд и клучен фактор за успешната историја на Ауди“, изјави претседателот на Управниот одбор, Руперт Шадлер.

audi222

Ауди, Quattro погонот го претстави на женевскиот авто-салон во 1980-та година на моделот Audi Quattro.

На почетокот беше планирано овој автомобил со 200кс да се произведува во мала серија, но поради големиот интерес се произведуваше се до 1991-та година.

Оваа технологија на Ауди оствари значајни резулатати и во авто-мото спортот, меѓу кои се и две поединечни и две тимски титули светски прваци во рели шампионатот.

Во 2012-та година повеќе од 43 проценти од купувачите на Ауди ги избираше моделите со Quattro погон.

Најпродаван беше моделот Ауди Q5 со околу 205.600 парчиња, додека само во Германија во текот на 2012-та година беа регистрирани 99.800 Ауди возила со quattro погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП