сабота, 30 септември 2023
ПочетнаАВТОБИЗKia ја освежи хечбек верзијата на моделот Rio (фото)

Kia ја освежи хечбек верзијата на моделот Rio (фото)

rio kia

Третата генерација на „Kiа Rio“ имаше премиера во 2011-та, а редизајнираната верзија на овој модел ќе биде претставена во Париз.

Корејскиот производител не направи значајни промени на надворешноста на автомобилот со оглед дека „Rio“ и натаму има свеж и современ дизајн.

rio kia1

Во однос на моделот кој го гледаме на улиците, „Rio“ зa 2015-та ќе има поразлични браници и редизајнирани стоп-светла и фарови за магла.

Понудата на алуминиумски бандажи ќе биде збогатена со три нови опции, кои ќе можат да се нарачаат од 15 до 17 инчи, а на купувачите ќе им бидат достапни и две нови нијанси на екстериерот, означени како „Digital Yellow“ и „Urban Blue“.

rio kia2

Ентериерот е збогатен со нови украсни детали, како хромирани рамки на вентилациските отвори и редизајнирани команди на аудио системот.

Покрај тоа, подобрена е и работата на мултимедијалниот систем и навигацискиот уред.

rio kia3

Во понудата ќе бидат четири мотори со моќност од 75 ks (55 kW) дo 109 ks (80 kW), кои се поврзани со мануелен менувач со 5 или 6 брзини.

Како опција на располагање е и автоматик со 4 степени на пренос.

rio kia4

Сите верзии на моделот „Rio“ зa 2015-та со доплата можат да бидат опремени со економичната „ISG“ технологија, која подразбира стоп/старт систем, гуми со мал отпор на триење и други подобрувања.

Редизајнираниот „Rio“ хечбек ќе се произведува во фабриката Сохари во Јужна Кореја. Автомобилот на европскиот пазар ќе пристигне на почетокот на 2015-та, а се очекува „Kia“ наскоро да го претстави и освежениот „Rio Sport Sedan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП