23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ги презентираше најновите иновации на IFA 2014

Sony ги презентираше најновите иновации на IFA 2014

acetopl

На саемот за потрошувачка електроника -IFA кој се одржа во Берлин, Sony претстави цела низа нови производи кои нудат уникатноискуство за корисниците кое се заснова на филозофијатаза инспирирање и задоволување на човечката љубопитност и технологија која буди емоции.

На прес конференцијата која се одржа пред отворањето на саемот, Казуо Хираи, извршниот директор наSony даде краток освртна најновите производи од компанијата. “Секој еден од новите производи на Sony нуди многу повеќе од само функционалност, тие целосно го менуваат начинот на кој комуницирате со технологијата и начинот на кој таа се вклопува во вашиот живот,”изјави Хиараи.

За време на прес конференцијата, Хираи за прв пат во Европа ја претстави линијата на производи и прототипи во развoј, коишто госочинуваат концептот “Life Space UX”. Меѓу претставените концептуални модели беа ЛЕД сијалицатакоја истовремено е и звучник и се поврзува безжично преку паметен телефон трансформирајќи го целиот дом во музички простор икомпактниотводоотпорен и пренослив ultra short throw проектор којшто кога ќе се постави на вратата од фрижидерот па дури и во тоалетот, може да проектира слика со големина од 23 инчи којашто може да се манипулира со допир. Проекторот воедно ќе биде и првиот “Life Space UX” производ од Sony кој ќе биде достапен за продажба од следната година.

Освен Life Space UX концептот, Sony ги претстави и останатите иновации во поглед на своите производи.

 

1.Xperia Z3 и Xperia Z3 Compact паметни телефони, кои ги комбинираат најдобрите технологии од компанијата и за прв пат на корисниците ќе им овозможат вистинско гејмерско искуство на паметен телефон преку играње на далечина со Сони Плејстејшн 4.

acetopl

2.Xperia™и Xperia Z3 Compact таблети, најтенките и најлесни компактни таблети на светот (6,4мм и 270гр.). XperiaZ3 е првиот таблетво светот кој нуди играње на далечина со Сони Плејстејшн 4.

Z3 tablet

3.Xperia E3 паметен телефон е дизајниран со големина за лесно држење во рака, овој модел доаѓа со 5 мегапикселна камера, која во комбинација со creative cameraапликацијата на Sony им овозможува на корисницитекреативна забава со нивните фотографии и видеа. Апликацијата “shake to start” што е специфична за Xperia Z3, им овозможува на корисниците лесно да го прилагодат пристапот до своите омилени апликации на брз и едноставен начин.

 

4.SmartWear, новата палета на Sony производи вклучувајќи ги Smart Tennis Sensor и SmartEyeglass кои се во можност да ги следат сите вообичаени активности на корисникот како што се движењето, односно чекорите што ги прави, просекот на спиење како и фотографиите на самиот корисник, музиката што ја слуша, повиците, текстуалните пораки, и некои спомени што самиот корисник сака да ги зачува. Сето ова се регистрира преку апликацијата “Lifelog” која им овозможува на корисниците да си ги претстават визуелно тековните активности и да добијат совети како да ги збогатат истите во наредниот период.

 

5.Фотоапарати во форма на објективи ILCE-QX1, DSC-QX30 и DSC-QX10 се два нови модели кои се поврзуваат со телефони преку Wi-Fi и можат директно да се приклучат на паметните телефони или да се користат одвоено. Овие модели ги користат најновите технологии кои се користат кај останатите модели на фотоапарати, овозможувајќи им на корисниците да го надградат својот паметен телефон за фотографии коишто не можат да се направат со внатрешната камера на телефонот.

 

6.Акционата камера Мини HDR-AZ1VR (Live-view Далечински комплет) е камера погодна за носење која е опремена со мало и лесно тело кое тежи околу 63g, само две третини од големината на сегашниот модел.

HDR AZ!

7.Апликација PlayMemories ™ е услугакоја може да се превземе и која им овозможува на корисниците да додаваат различни функции на својотфотоапарат како што се снимање на звук пред и по затворање на блендата или репродукција на светлосни патеки од фаровите на автомобил или огномет во една слика.

 

8.Проширување на аудио производи и содржини со висока резолуција.Sonyпрезентираше 7 нови производи. Еден од нив е NWZ-A15 Walkman најмалиот и најлесниот во светот Hi-Res компатибилен дигитален музички плеер кој обезбедува извонреден звук при слушање музика.

 

9. 4K Ultra HD BRAVIA® телевизори од S90B серијата (75/65)со комбинација од заоблен ЛЦД екран и моќен аудио систем, уникатен процесор на слика 4K X-Reality® PRO, X-tended Dynamic Range технологијата и TRILUMINOS® екранот со широк опсег на бои и богат звук кој ќе направат да се чуствувате како да сте во кино.

S90-1159

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП