29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов смартфон со поголема батерија од Huawei

Нов смартфон со поголема батерија од Huawei

x3 huawei

На пазарот се појави уште еден интересен кинески модел, повторно дело на „Huawei Technologies“. Компанијата официјално го претстави смартфонот „X3“, кој има високи фотографски способности и голема батерија која издржува двојно повеќе од другите слични модели.

„Huawei X3“ има 5-инчен екран на допир кој работи во резолуција 1920х1080 пиксели (Full HD), а главната камера е 13-мегапикселна, додека „селфи-камерата“ е 5 мегапикселна.

Големата батерија на моделот е со капацитет од 3100 mAh, што според официјалните податоци на кинезите овозможува до 16 часа во режим на разговори, како и два дена во режим на подготвеност. Специјален режим за заштеда се овозможува во последните 10% на батеријата, па така модел може да работи уште 24 часа.

Смартфонот работи со осумјадрен процесор „Hisilicon Kirin 920“ на 1,7 GHz, оперативен систем „Android 4.4 KitKat“, збогатен со корисничкиот интерфејс на компанијата „Emotion UI 2.3“, а покрај тоа во моделот има 2 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, Wi-Fi 802.11a/b/g/n, Bluetooth 4.0 и LTE Cat6.

Засега не постојат информации по која цена овој уред ќе се продава во Кина, но и тоа дали овој смартфон ќе се појави и на останатите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП