27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДобар почеток за BlackBerry

Добар почеток за BlackBerry

passport bb

Неодамна пишувавме дека „BlackBerry“ својот најнов „Passport“ смартфон и официјално го пушти во продажба по пат на „online“ продавницата „shopblackberry“ и „Amazon“, па така компанијата верува дека токму овој модел ќе ја извлече од ситуацијата во која се наоѓа веќе неколку години.

Според првите извештаи кои пристигнуваат од компанијата се чини дека за „BlackBerry“, сепак пристигнуваат подобри денови. Имено новиот „Passport“ e распродаден, податок кој го потврди и првиот човек на компанијата, Џон Чен, наведувајќи дека истиот на „shopblackberry“ и „Amazon“ бил продаден за шест, односно десет часа.

Сепак, „BlackBerry“ не влегуваше во детали кога е во прашање вкупниот број на продадени смартфони. Меѓутоа според извештаите на интернет страницата „businessweek.com, „BlackBerry“ во споментото време има продадено вкупно 200.000 примероци од новиот примерок  од „Passport“.

Иако за овој успех неможе да се мери со „Apple“ кој во истото време продава неколку милиони примероци, ќе биде интересно да се види дали ваквата добра продажба ќе продолжи и откако ќе се обноват резервите. Како и да е ова е одличен „кам-бек“ на „BlackBerry“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП