25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook и Twitter стравуваат! Нова друштвена мрежа го полуде светот!

Facebook и Twitter стравуваат! Нова друштвена мрежа го полуде светот!

nova mreza

На Интернет се прошири вестта за новата друштвена мрежа „Ello“, а за да можете да ја користите морате да имате покана, односно да побарате влез, или некој да ве повика. Голем број на луѓе се обидуваат да се приклучат на оваа мрежа, а управата на страната на некое време мораше да го ограничи пристапот на нови членови.

Иако е непозната причината за изненадувачкиот раст на оваа друштвена мрежа, се претпоставува дека станува збор за назадоволни корисници на „Facebook“, кои новото „online“ засолниште го најдоа токму во „Ello“. Голем број на луѓе е незадоволен од новата одлука на „Facebook“ дека сите мораат да ги користат своите вистински имиња на своите профили, па тоа е можната причина затоа што луѓето масовно ја напуштаат најпопуларната друштвена мрежа на светот.

„Ello“ особено ја сакаат припадниците на „LGBT“ популацијата, затоа што на неа можат да се претстават како што сакаат.

Самата страна потсетува на мешавина на „Twitter“ и „Tumblr“, со тоа има повеќе ограничени содржини. Корисниците можат да поставуваат статуси, фотографии и коментари на постовите на своите пријатели. Тука и алатката за пребарување со која можат да ги пронајдат луѓето кои ги познаваат.

Основачите имаат долга листа на нови можности која опфаќа, вклучување на мобилни апликации и подобро подесување на приватноста. Според најновите информации пристап на оваа друштвена мрежа бараат меѓу 4.000 и 30.000 корисници секој час. Постојат и оние корисници кои своите покани ги продавале на „eBay“.

Се уште е рано да се даваат прогнози дали „Ello“ е нова голема работа на Интернет која ќе може да го загрози „Facebook“, но секако успеа барем некое време да го привлече вниманието на јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП