24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСреќен Роденден Google!

Среќен Роденден Google!

ggrodenden

27-ми септември е роденденот на пребарувачот „Google“. Погледнете неколку интересни факти за него по повод овој празник:

„Google“  зема во предвид над 200 фактори, пред да ги покаже најдобрите резултати на секое пребарување. И сето тоа за дел од секундата.

Компанијата поседува еден куп домејни кои се погрешно напишани имиња на „Google“ – на пример „Gooogle.com“, „Gogle.com“, „Googlr.com“ и многу други. „Google“ исто така го поседува и „466453.com“.

Во секоја секунда „Google“ регистрира повеќе од 2 милиони пребарувања.

„Google“ работи на важни проекти кои би можеле да го променат светот за милиони луѓе, како што се снимањето на Месечината. Сепак, пребарувачот се занимава и со помалку важни нешта: Во 2012-та година „Google“ го претстави јазикот „Cherokee“ во „Gmail“.

Лари Пејџ и Сергеј Брин го прават својот прв „Google Doodle“ во август 1998-ма година.

Индексот за пребарување на „Google“ е повеќе од 100 милиони гигабајти во големина. Ако оваа информација треба да се пресели на лични уреди, ќе требаат 100.000 од нив.

„Google“ најверојатно е единствената компанија која има за цел за намалување на времето што луѓето го поминуваат на нејзиниот сајт.

Од страна на „Google“ се фотографирани повеќе од осум милиони километри патишта за „Street View Maps“.

Над 6 милијарди часа видео записи се гледаат секој месец на „YouTube“ – тоа е речиси час за секој човек на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП