26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоколку имате iPhone, не го правете ова!

Доколку имате iPhone, не го правете ова!

ajfon nov apdejt

Друштвените мрежи се преплавени со фрустрирачки коментари од сопствениците на „iPhone“ чии телефони престанале да работат. Дебатите се уште траат, но сите се сложуваат во едно: НЕ го ажурирајте „iOS 8“ нa „iOS 8.0.1“.

Со новото ажурирање телефонот неможе да се конектира на мрежата, а губи и доста други функции.

Екипа на порталот „Gizmodo“ направи тест со два „iPhone“ уреди и ажурираше „iOS 8“. Двата смартфони повеќе неможеле да се конектираат на мрежата, а ниту отклучувањето со помош на отисок на прстот повеќе не функционирало.

Доколку го имате овој проблем, еве како можете да го решите!

Постарите модели на „iPhone“ го немаат овој проблем.

Од „Apple“ изјавија дека ќе започнат истрага поради настанатиот проблем и дека се ќе се реши во најскоро време, а ја повлекоа и најновата верзија на оперативниот систем.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП