13 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОтворени и спортски: новите Audi TT Roadster и Audi TTS Roadster

Отворени и спортски: новите Audi TT Roadster и Audi TTS Roadster

 T

-Компактниот Roadster привлекува со својот автентичен дизајн и со динамичните возни својства

-Иновативна Audi виртуелна кабина го замени аналогниот дисплеј

-Членот на управниот одбор за развој д-р Улрих Хакенберк најави: “Натамошни подобрувања на автомобилот и ново техничко искуство”

Audi ги претставува новите ТТ Roadster и TTS Roadster на автомобилскиот саем во Париз.

Компактниот двосед поставува нови стандарди во дизајнот, погонскиот систем и суспензијата.

Кај третата генерација на TT, Audi ја нагласува  виртуелната пилотска кабина.

За прв пат дигиталната инструмент табла ги прикажува сите информации во видното поле на возачот -концепт кој предизвикува сензација.

Напредната технологија на новиот ТТ и системот за контрола му овозможија на Audi да ја освои престижната награда „Car Connectivity“ како и признанието од „Automotive Interiors Expo“ за најдобра внатрешна иновација на годината.

T

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП