„Samsung“ го претстави новиот „USB“ кабел „PSC“ (Power Sharing Cable) кој овозможува два уреди да делат енергија.
Овој кабел ќе се продава по цена од 19.99 долари и обезбедува полнење на било кој уред кој вообичаено се полни преку портот „microUSB“ – едноставно со негово поврзување со смартфони или таблет „Galaxy“, тие се трансформираат во мобилни полначи.
Системот функционира благодарејќи на апликацијата „PSA“ (Power Sharing App) која овозможува да се одреди која количина на енергија корисникот сака да ја подели со другиот уред.
Моментално, овој кабел функционира само кај уредите „Galaxy S5“, „Alpha“, „Note 4“, „Avant“ и „Galaxy Tab S“.
Наредните производи на „Samsung“ во тие категории несомнено ќе можат да го користат „PS“ (Power Sharing).