среда, 5 октомври 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако денеска би изгледале легендарните Nokia 3310 и Eriсѕson T28! (видео)

Како денеска би изгледале легендарните Nokia 3310 и Eriсѕson T28! (видео)

nokia stara

Овие уреди на луѓето кои ги користеле сигурно им предизвикуваат насмевка на лицето кога и да се споменат, и предизвикуваат некои убави спомени.

Мобилните телефони како што се „Nokia 3310“ и „Eriсsѕon T28“ се легендарни и продадени се во неколку милиони примероци. Меѓутоа, од денешна перспектива, тие одамна се застарени модели.

Кон крајот на деведесетите години, „Eriсsѕon“ и „Nokia“ беа најголемите и најдобрите производители на мобилни телефони во светот. Во тоа време, компаниите како што се „Apple“ и „Samsung“ се уште немаа влезено на пазарот на телефони. Компанијата од Купертино тогаш беше фокусирана на успешната „iMac“ линија на компјутери, додека „Samsung“ беше познат по чиповите и мемориските модули.

„Apple“ успеа во 2007-ма година, кога беше лансиран првиот „iPhone“, во целост да го промени светот на мобилните телефони. И додека компаниите „Samsung“, „LG“ и „HTC“ исто така успеаа да ја стартуваат револуцијата со смартфоните, некогашните светски лидери „Nokia“ и „Eriсѕson“ во целост jа пропуштија таа можност.

Популарната интернет страна „CURVED/labs“, дојде до идеа да направи концепт за тоа како би изгледале „Eriсsѕon T28“ со „Android“ оперативниот систем, и легендарната „Nokia 3310“ со „Windows OS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП