27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочна ракометната Лига на шампионите

Почна ракометната Лига на шампионите

vardare

Со натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Киелце синоќа стартуваше новата сезона во ракометната Лигата на шампионите.

Ова беше дуел од Д групата каде фаворитот од Полска тимот на Киелце постигна победа од 33:28 (15:14).

Кај победникот најефикасен беше Денис Бунтиќ со 6 голови, а кај поразениот Мануел Линигер со 7.

Македонските екипи своите натпревари ќе ги одиграат во текот на викендот.

Вардар гостува кај Цеље (сабота), додека Металург е домаќин на ПСЖ (недела).

 
Распоред на натпреварите од 1.коло:

 
А група: Металург – ПСЖ, Ла Риоха – Мешков, ППД Загреб – Кил.

Б група: Висла – Бешикташ, Колдинг – Флензбург, Алингсас – Барселона.

Ц група: Цеље – Вардар, Чеховски медведи – Веспрем, Рајн Некар Ловен – Монпеље.

Д група: Кадетен Шафхаузен – Киелце 28:33, Данкерк – Алборг и ПИК Сегед – Мотор Запорожје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП