19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВрвните смартфони се во сериозни проблеми!

Врвните смартфони се во сериозни проблеми!

Motorola Smart Watch

„Motorola“ веќе го освежи своето портфолио на производи со новите „Moto X“ и „Moto G“ телефони, а претставен е и „Moto 360“ паметниот часовник.

Иако овие телефони немаат многу новитети во однос на своите претходници, во оваа компанија очекуваат тие да постигнат успех.

Меѓутоа, тоа што сега се истакнува е дека доколку конкуренцијата на „топ“ производители на смартфони во видот на „Motorolа“ не е доволна, тогаш тука се ривалите од Кина кои нудат неименувани или телефони со различни називи.

Претседателот на „Motorolа“, Рик Остерлох го даде своето видување на новонастанатата ситуација, тврдејќи дека според неговите согледувања, линијата на врвни смартфони е во сериозни проблеми.

„Нормално дека сме во голема конкурентска индустрија. Мислам дека деновите на смартфоните со цена од 600-700 долари се одброени. Луѓето сфаќаат дека нема потреба да платат толку пари за некој уред“, вели тој.

Причината за тоа е што се повеќе производители нудат телефони со добри карактеристики, но со пристапни цени, па така доминантните играчи на пазарот се во неволја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП